Трговскиот дефицит натрупа 2,6 милијарди долари

Bez autora
Feb 07 2012

Минусот што Македонија лани го направила во размената со странство натрупа дури 2,55 милијарди американски долари. Државните статистичари вчера јавија дека минатата година извозот изнесувал 4,45 милијарди долари, а увозот 7,07 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 63,6 проценти. За потсетување, трговскиот дефицит во 2010 година беше понизок и изнесуваше 2,15 милијарди долари. Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена по производи во 2011 покажува дека во извозот, најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Трговскиот дефицит натрупа 2,6 милијарди долариМинусот што Македонија лани го направила во размената со странство натрупа дури 2,55 милијарди американски долари.

Државните статистичари вчера јавија дека минатата година извозот изнесувал 4,45 милијарди долари, а увозот 7,07 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 63,6 проценти.

За потсетување, трговскиот дефицит во 2010 година беше понизок и изнесуваше 2,15 милијарди долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена по производи во 2011 покажува дека во извозот, најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Во периодот јануари-декември 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ со 60,6 отсто и земјите од Западен Балкан со 27,6 отсто. Во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ со 54,3 отсто и земјите во развој со 26,8 отсто.

Според вкупниот обем, Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Грција, Бугарија и Русија, со кои се врши 44,2 отсто од вкупната надворешнотрговска размена.

Експертите од поодамна предупредуваат дека државава не може да издржи толку висок трговски дефицит и дека под итно се потребни мерки за негово намалување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik